[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Еден од најдобрите пливачи во историјата на Македонија, Евгениј Поп Ацев, доби големо признание на глобално ниво. Меѓунардодната организација Куќа на славните на маратонското пливање објави дека тој ќе стане нејзин член на следниот собир, во мај 2024.
Во 2015 и во 2017 година Поп Ацев беше победник во светскиот гран-при за маратонско пливање, а во 2019 година триумфира на ултра маратонската серија на ФИНА.
„Најголема чест и привилегија е да се биде во ‘Куќата на славните за маратонското пливање’ (IMSHOF) во друштво на најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го тоа што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија имам придонесено и оставено белег во светот на маратонско пливање. Многу сум благодарен на IMSHOF за номинацијата, изборот и за ова големо признание од ваква голема светска организација. Исто така и на сите што беа дел од мојата пливачка кариера и подржуваа во изминативе 20 години“, се заблагодари Поп Ацев со објава преку социјалните мрежи.
Неговата кареира во маратонското пливање траеше од 2007 до 2021 година, преку 106 маратони од највисоко ниво, одржани во 21 различна земја. Официјалната негова промоција во Куќата на славните за маратонско пливање ќе биде на 18 мај 2024 година, во Канкун, Мексико.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]