Поплавите и одроните го затворија на седум часа – патот меѓу Градско и Прилеп отворен за сообраќај во двата правца

Date:

По седумчасовен прекин сообраќајот на Плетвар е пуштен во двата правца по 14 часот попладнево, соопштија од Центарот зa управување со кризи (ЦУК). Утрово колони возила кои трганаа од Битола и Прилеп кон Скопје останаа отсечени од остатокот од државата, откако магистралниот пат на Плетвар беше целосно во прекин поради одрони и поплави. Најдраматично беше на клучката кај мотелот Дреново, каде од обилните врнежи од дожд се излеа Раечка река кај село Раец, а водата носеше се пред себе.

Патниците кои го минуваа Плетвар претпладнево споделуваа и фотографии на возило што плови во надојдената вода која се слева кон коловозот, кое за среќа било празно. Свлечиште и одрони на карпи имаше и кај тунелите на Плетавр. Од ЦУК соопштија дека попладнево патот е прооден.

„Водите на Раечка река с еповлека во речното корито, а екити на ЈП за оджување и заштита на магистрални и регионални патишта ги  отстранија  наносите од земја, камења и сл. на патот.  Сообраќајот на патниот правец Градско Прилеп е пуштен во двата правци“, рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Дел од возчаите кои го минуваа Плетвар во текот на денот испратија и предупредување до надлежните за свлечиште на превојот под заштитната ограда кон провалијата, кое може да се прошири. Обилните врнежи предизвикаа и помали штети во населените места.

Од ЦУК информираат дека Територијалната противпожарна единца во Прилеп во изминатите 24 часа интервенираше во неколку деловни објекти за испумпување на вода. Неисчистените одводни канали предизвикаа и поплавување на дворни површини во селата во Општина Новаци. Сепак, најмногу проблеми врнежите предизвикаа на патниот правец Прилеп – Градско, на Плетвар, каде сообраќајот денеска беше во прекин седум часа.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...