Силното невреме што ја погоди Битола предизвика повеќе штети во градот.
На барање на градоначалникот, Тони Коњановски, се одржа итен состанок на штабот за заштита и спасување.
Од страна на присутните беше образложено дека, пријавени се штети на следните локации: удар од гром на улицата Караорман број 104 в, поплавени визбени простории на улицата Ѓорче Петров, на броевите 21 и 39, поплавени куќи на Дебарска бр 99, Струшка бр. 33, Димитар Мите Богоевски бр.6, одрон на патниот правец А3 (кај тунелот), како и паднати дрвја на патниот правец Беранци – Вашерејца – општина Могила, соопшти Општина Битола.
Јавните претпријатија со своите човечки ресурси и механизација, на терен веќе работат на отстранување на штетите предизвикани од обилните врнежи од дожд, а КЈП Нискоградба, согласно заклучоците од денешниот состанок има обврска да изготви динамички план со технички решенија за отстранување на поголемите проблеми на одредени локации, каде истите се констатирани.
Граѓаните кои имаат штети, истите може да ги пријавуваат на телефонскиот број 112 на Центарот за управување со кризи, а Комисијата за проценка на штети, дополнително ќе ја утврди состојбата.
На состанокот, беше договорено и општинската администрација да ги контактира претседателите на урбаните и месните заедници, како би можело да се добијат точни податоци за нанесени штети во сите делови на општината и соодветно на тоа, доколку е потребно да се преземат дополнителни мерки.
Поплавени куќи, одрон, удар на гром, паднати дрвја – пријавени повеќе штети по невремето што ја погоди Битола
Date: