Ви го откриваме најдобриот рецепт за полнети тортилји од тепсија
Состојки:
- 6 тортилји
- 400 г кашкавал едамер
- 200 мл доматен сос
- 100 г пилешка шунка
- сол, бибер, оригано
Приготвување:
Сипете ги зачините во доматниот сос, па премачкајте ги тортилјите со него. Одозгора наредете кашкавал и шунка. Завиткајте ги торилјите, па со нож пресечете ги на повеќе делови. Намрсете тепсија и наредете ги тортилјите. Посипете со кашкавал и прелејте ги со малку доматен сос. Печете ги на 250 степени, 10-тина минути.



