Предноста на ова јадење е што не мора да го пржите месото – сè ќе си зготви рерната
Состојки:
- 600 г пилешки гради
- 2 лажички сенф
- 1 чешне лук
- 150 г + 100 г кашкавал
- 100 г сланина
- 1 јајце
- 1 лажица кисела павлака
- 200 г павлака за готвење
- 30-50 г мирудија
- сол, бибер
Приготвување:
1. Исчукајте ги пилешките гради со чекан за месо, па посипете ги со сол и бибер.
2. Измешајте сечкан лук и сенф. Намачкајте го пилешкото со сенф, ставете парчиња кашкавал и завиткајте. Така приготвеното месо завиткајте го во сланина. Ставете го месото во плех.
3. Скршете едно јајце, додајте кисела павлака и павлака за готвење, а потоа и мирудија. Посолете, забиберете и добро промешајте. Прелејте ја смесата преку месото.
4. Печете 30 минути на 200 степени.
5. Извадете од рерна, посипете со кашкавал и допечете уште 10 минути.