Полнети печени компири со печурки

Date:

Крцкавите и ароматични печени компири со богат фил од печурки и кашкавач се идеални како прилог со некое месо, а можете да ги послужите и како топло предјадење.

Потребно:

  • 4 големи компири
  • 250 г свежи печурки (шампињони или други печурки по ваш избор)
  • 1 кромид
  • 1 чешне лук
  • 100 г чадена сланина
  • 100 г кашкавал
  • 2 лажици маслиново масло

И уште:

  • 50 г урда или фета сирење
  • Млад кромид (ситно исечкан)
  • Павлака

Подготовка: Измијте ги компирите и печете ги цели во рерна на 200 °C околу 40 минути, додека не омекнат. Потоа исечете ги на половина и внимателно издлабете ја средината со лажица, оставајќи раб дебел околу 1 см. Издлабената внатрешност зачувајте ја. Загрејте го маслиновото масло во тава. Додадете го ситно исечканиот кромид и пржете додека не стане стаклест. Потоа додадете ги исечканите печурки и пржете додека не ја испуштат водата и малку не поруменат. На крај, додадете ја сланината исечена на коцки и кратко пржете. Измешајте ја издлабената средина од компирот (изгмечена со вилушка), лукот, половина од ренданиот кашкавал во смесата и зачинете со сол и црн пипер. Наполнете ги половините од компири со подготвената смеса. Посипете со преостанатиот кашкавал и ставете ги во рерна уште 10-15 минути, додека капкавалот не се растопи и малку не порумени. Декорирајте ги полнетите компири со издробена фета или урда, наросете со сечкан млад кромид и послужете со павлака.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Мира Андреева е победничка на Роланд Гарос

Деветнаесетгодишната руска тенисерка Мира Андреева ја освои својата прва...

Иднината на Филип Кузмановски: Азиска авантура и европски амбиции

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски се наоѓа во клучна фаза од кариерата,...

Нова ескалација на војната во Персискиот Залив

Тензиите на Блискиот Исток продолжуваат и покрај напорите за...

ОПТИМИСТ СУМ ЗАТОА ШТО САМО ЈАС ИМАВ БИЛАТЕРАЛНИ СОСТАНОЦИ СО МАКРОН И МЕРЦ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека неговиот оптимизам по самитот...