Потребни состојки: 500 гр тенки кори, 2 јајца, 200 мл јогурт, 100 мл млеко, 200 гр сирење,
1/2 прашок за пециво, 200 гр рендана шунка и 50 мл масло.
Начин на подготовка: Скршете ги јајцата во сад, издробете го сирењето, додадете ги
јогуртот и млекото, прашокот за пециво и маслото. Шунката изрендајте ја, плехот
премачкајте го со масло, па на дното ставете една кора. Сите останати кори една по една
потопете ги во филот со сирење и јогурт и наредете ги. На вториот ред ставете малку
шунка и така додека не се потроши целата приготвена смеса. Покријте со кора и
премачкајте со масло, па печете на 200 степени 50 минути.