Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин

Date:

За австралиската полиција нападот со нож врз епископ во црква во Сиднеј се смета за верски мотивиран терористички чин, пренесува Би-би-си.

Според полицијата, терористичките акти се дефинирани како идеолошки мотивирани. Истрагата сè уште е во тек, но полицијата, како што пренесува Би-би-си, е убедена се дека се работи за верски екстремизам.

Шеснаесетгодишно момче е уапсено откако епископот, свештеникот и верниците биле нападнати за време на мисата во асирската црква „Христос Добриот Пастир“.

Според полицијата, најмалку четири лица се здобиле со повреди. И напаѓачот бил повреден, а инцидентот бил снимен на директен црковен пренос и брзо предизвикал вознемиреност кај жителите во предградието Вејкли.

Свештеникот во локалната заедница е познат како како отец Исак Ројел, а епископот како Мари Емануел, кој важи за популарна личност, а неговите проповеди имаат и по милиони прегледи на социјалните мрежи.

Инаку, во Вејкли живее мала христијанска асирска заедница во Сиднеј, од кои многумина се бегалци поради војната во Ирак и Сирија.

На социјалните мрежи се проширија експлицитни видеа од нападот, а стотици луѓе набрзо се собраа во Асирската православна црква, која се наоѓа на околу 35 километри југозападно од центарот на Сиднеј.

Таму толпата жестоко се судрила со полицијата која ја обезбедувала црквата, каде што на напаѓачот и повредените им била укажана итна помош.

Премиерот Ентони Албанес свика итен состанок за национална безбедност нарекувајќи го нападот „вознемирувачки“.

„Ние сме нација што го сака мирот. Нема место за насилен екстремизам. Со цел да се спречи понатамошно насилство, тој ги повика луѓето да не го земаат законот во свои раце“,вели Албанес.

Во изјава за медиумите утрово началникот на полицијата на Нов Јужен Велс, Карен Веб, рекол дека епископот и свештеникот биле оперирани и дека имале среќа што се живи. Двајца полицајци се повредени, еден со скршена вилица откако бил погоден со цигла, а уништени се 10 полициски автомобили.

Началникот Веб рекол и дека тинејџерот, наводно, му давал религиозно мотивирани коментари на бискупот додека се приближувал. Полицијата смета дека целта на нападот била да се заплашат верниците во црквата и оние што го следеле преносот на мисата. Напаѓачот дејствувал сам и иако ѝ бил познат на полицијата не бил на листата за следење терористи. И тој бил опериран поради повреди на рацете, но сè уште не е јасно кога се повредил и дали бил во конфликт со верниците.

Инцидентот се случи само неколку дена по инцидент со напад со нож во популарен трговски центар во Сиднеј, во кој беа убиени седум лица.

„Во моментот има разбирлива нервоза и вознемиреност во локалната заедница“,рече премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс.

Тој повика на смиреност повторувајќи ги повиците на верските водачи и водачите на заедницата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Доминантна победа на Алкалоид во Италија за чекор кон четвртфинале во Европскиот куп

Ракометарите на Алкалоид со една нога веќе се во...

И Атлетико киксираше, Барселона има можност да го преземе врвот во Примера

По Реал Мадрид и Атлетико Мадрид не успеа да...

Кирјос се огласи за спогодбата меѓу Синер и Светската анти-допинг агенција

Ник Кирјос беше најголем критичар на Јаник Синер во...

Рaванија

Состојки5 јајца10 лажици шеќер1 ванила5 лажици врела вода10 лажици...