[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Полицијата во градот Милдура, Австралија, ги предупредува возачите да не се потпираат на „Apple Maps“, бидејќи локацијата на градот во апликацијата на Епл е целосно неточна, пренесува Гардијан. Според полицијата „Apple Maps“ покажува дека Милдура се наоѓа во средината на националниот парк Мареј Сансет, или на околу 70 км. од вистинската локација на градот. Уште полошо било тоа што температурите во националниот парк достигнуваат и до 46 степени Целзиусови и таму нема вода за пиење. Според полицијата, некои од возачите токму водени од мапата на Епл се загубиле во паркот, па поминале без храна и вода и до 24 часа. Некои од нив, пак, требало да возат или пешачат наоколу за да добијат опсег на мобилните телефони кои бидејќи сигналот во паркот е слаб.
Од полицијата во градот се поврзале со Епл во врска со проблемот. Додека тој се се реши, сепак, полицијата ги советува возачите да користат други мапи. „Apple Maps“ доби бројни критики за неточните податоци и проблеми со сликите, откако го замени „Google Maps“ во уредите со оперативниот систем iOS. Главниот извршен директор на Епл, Тим Кук се извини јавно, а компанијата неодамна го разреши шефот на тимот кој ја создал апликацијата „Apple Maps“.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]