Вчера, лажна надеж на спасувачите им дала фрлена вреќа со облека во облик на човечко тело во водата на реката Вардар.

Во потрагата по човекот од село Теново на кого од 6-ти август му се губи секаков траг се вклучени 25 полициски службеници кои ги пребаруват нивите и коритото покрај реката Вардар.

Во потрагата биле вклучени и членови на Армијата, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување и Општина Брвеница.

Од Центарот за управување со кризи велат дека се планира потрагата да продолжи и во наредните денови, а вчера лажна надеж на спасувачте им дала вреќа со облека во облик на човечко тело која била пронајдена во реката Вардар.

„Фрлени вреќи со облека во облик на човечко тело во водата на Вардар за момент дадоа надеж дека исчезнатиот е пронајден. Конкретно, во 10:00 се препоставуваше дека исчезнатиот е пронајден во Реката Вардар во с. Радиовце, но тоа беше лажна трага, бидејќи по влегувње на нуркачите од ТППЕ Тетово беше утврдено дека не е исчезнатиот, туку дека тоа биле вреќи со алишта коишто во водата изгледале како човечко тело во облека. До крајот на денот, при потрагата не беше пронајдено исчезнатото лице“, велат од ЦУК.