Полицајците што правеле контрола во „Пулс“ и прекршоците ги пишувале за другото кафуле, не признаа вина

Date:

Тројца полицајци, кои се обвинети дека правеле акциски контроли во кабарето „Пулс“ во Кочани, а прекршоците ги пишувале на кафулето „Класик“, кое имало блокирана сметка, денеска не ја признаа вината.

Денеска во Кривичниот суд почна судењето по поднесен обвинителен предлог од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција од Одделот за гонење на полицајци кое ги товари за злоупотреба на службената положба.

Сите тројца работеле во ОВР Кочани на различни работни позиции, а се товарат за став од Кривичниот законик, за кој им се заканува затворска казна до три години, рекоа дека не се чувствуваат виновни за кривичните дела.

Тие всушност се товарат бидејќи кога правеле акциска контрола за присуство на малолетници, при изготвување на записниците за констатираните прекршоци, наместо за правното лице во чија сопственост било кабарето „Пулс“, пишувале прекршоци за „Класик“, кое имало блокирана сметка и за сопственикот Дејан Јованов Деко, кој не фигурирал како сопственик на „Пулс“.

Едниот од нив ги потврдил и без да ја провери документацијата ги поднел до кочанскиот суд, а судот во Кочани уште нема донесено одлука за нив.

Во катастрофалниот пожар во кабарето „Пулс“ загинаа 63 млади луѓе, а преку 200 беа повредени.

Обвинителката Ивана Алексова Трајчева го прочита обвинителниот предлог, а одбраната на полицајците за следното рочиште најави сведоци.

Ова е прво рочиште за полицајци обвинети за поврзаност со трагедијата. Овие тројца и уште деветмина се товарат за злоупотреба на службената положба, а 13 се обвинети за директна инволвираност во трагедијата. За нив сè уште не е оценето обвинението.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Луда маратонска трка, го победи ривалот за 0,01 секунда

Маратонот што се одржа во Лос Анџелес веројатно ќе...

Победа на Вардар и реми на Шкендија во ПМФЛ

Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на...

Рецепт за кус кус со печурки и праз: Превкусен посен појадок

Време е на велигденските пости, а овој појадок можете...

Две држави би можеле да преживеат НУКЛЕАРНА ВОЈНА, Австралија и Нов Зеланд

Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот,...