Студот ја окова Битола, а утрово се измерени минус 18 степени, најстудено од почетокот на зимата. Мразот по дворовите и тротоарите на улиците е причина за зголемен број на прегледи и повреди на одделот за Ортопедија во Клиничката болница Битола. Од утрово до 10 часот лекарска грижа кај битолските ортопеди побарале 42 битолчани, а само сабајлево имало 3 хоспитализации.
Од Клиничката Болница Битола за „Независен“ изјавија дека поради повреди причинети од временските услови, скршеници и набиеници од лизгање на снегот и подмрзнатите дворови и пешачки патеки во овој период најчесто страдаат работоспособните битолчани. Кај еден лекар, ортопед , во една смена имало и до 92 прегледи.
„Од 15 до 21 јануари на одделот за Ортопедија имаме 395 прегледи, амбулантни и на одделение, но треба да се напомене дека ниските утрински температури ги имаме од ноќеска, што значи се очекува промена на бројките. Само ова утро имаме над четириесеттина прегледи и 3 хоспитализирани пациенти. Најчесто се повреди на екстремитетите на граѓани кои утрово се подготвувале на работа, па повредите настанале од чистење на скали во дворовите или чистење на автомобилот од снегот и мразот“, потврдуваа од Клиничката болница Битола за „Независен“.