Покровител на фолклорниот фестивал „Преспа“ во Пустец ќе биде премиерот Мицкоски

Date:

Македонскиот фолклорен фестивал “Преспа” ќе се одржи на 20 август, на плоштадот “Гоце Делчев” во Пустец, Албанија, седиштето на истоимената општина. Покровител на овој настан е македонскиот премиер Христијан Мицкоски а се одржува во организација на Македонското друштво “Преспа”, Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија” и Општина Пустец.

Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ ќе се одржи на 20 август, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, седиштето на истоимената Општина.

Покровител на овој настан е премиерот Христијан Мицкоски а се одржува во организација на Македонското друштво „Преспа“, Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ и Општина Пустец.

Македонскиот фолклорен фестивал „ПРЕСПА“ повторно ги обединува Македонците преку песната, орото и вековната традиција. Македонската песна ќе одекне, ќе се вие македонско оро а нашата традиција ќе нè обедини како едно“, изјавија за МИА, организаторите.

Додаваат дека почетокот е во 18 часот а фестивалот се одржува под мотото „Македонија обединува“ и  порачуваат дека  „фолклорот ги чува корените, традицијата ја гради иднината“.

„Ќе настапат фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва од Република Македонија или Вардарска Македонија, Егејска и Пиринска Македонија и Мала Преспа. Добредојдени се сите, за заедно да ја исполниме Мала Преспа со македонска песна, оро, знамиња и гордост. Да покажеме дека македонскиот дух живее, а нашата традиција продолжува да ги обединува генерациите“, порачуваат организаторите.

Оваа културна манифестација требаше да се одржи на 29 јули во село Туминец, кај манастирот, но поради оправдани причини беше одложена.

„Одлуката беше донесена по темелна анализа на состојбите на терен и во интерес на безбедноста, масовноста и достоинственото одржување на самата манифестација. Одложувањето на оваа манифестација беше поради  инфраструктурни причини и безбедност во сообраќајот. Патната делница од село Туминец до манастирот „Света Марена“, во должина од речиси 4 километри, во моментот не ги исполнува потребните услови за безбеден и непречен пристап на поголеми возила (автобуси и комбиња), кои треба да ги превезуваат фолклорните ансамбли и посетителите. Иако беше планирано патот да биде тампониран и подготвен, поради кратките рокови и технички причини со изведувачот, градежните активности не успеаја да завршат навреме“, изјавија по одложувањето организаторите.

Исто така, според нив, одлучиле да ја почитуваат и желбата на годинашните кумови за зачувување на изворната традиција.

Според организаторите со цел фестивалот да го добие сјајот што го заслужува, на лесно достапна локација и со врвни услови за сите гости и учесници на одборот, се договориле да се одржи во Пустец.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Арсими со победа го отвори третото ПМФЛ коло

Тимот на Арсими ги освои првите три бода сезоната,...

Лејкерси по вторпат продадени за само 14 месеци 

НБА-лигата, но и навивачите на Лејкерс, сè уште се...

THE NEW CHURCH “ST. APOSTOL THOMAS” –PART I (19)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN God's...

Брза фритата со зеленчук

Искористете го зеленчукот што го имате во фрижидер и...