Ракометната репрезентација на Норвешка во супер интересен натпревар ја совлада Германија во „Сподек Арена“ во Катовице со 28:26 и го освои првото место во Групата 3, во главната фаза на Светското првенство во Полска и Шведска.
Норвешка со осовјувањето на првата позиција во групата си обезбеди уште еден дерби дуел, но овој пат во четвртфиналето каде ќе ги одмери силите со селекцијата на Шпаанија, која заврши втора во Групата 1, зад Франција
Кнор од Германија беше најдобар на паркетот со осум погодоци, додека Јоханесен се истакна со пет во победничкиот табор.
Ракометарите на Данска ја оправдаа фаворитската улога, го победија Египет (25:30) и го презедоа првото место во Групата 4. Египќаните не успеја да направат изненадување, а со тоа ниту да ѝ помогнат на Хрватска која чекаше услуга и триумф на африканската селекција. Средбата во Малме во целост им припадна на скандинавските ракометари, кои имаа контрола на резултатот од самиот старт и заслужено славеа. Вака, Данците како првопласирани и Египет од второто место одат во четвртфиналето.
Данска која е бранител на титулата ов четвртфиналето ќе има релативно лесна задача, бидејќи ќе се сретне со селкцијата на Унгарија, која низ иглени уши се провлече меѓу најдобрите осум селекции на шампионатот.
Во преостанатите две четвртфинални средби силите ќе ги одмерат репрезентациите на Франција и Германија, како и Шведска против Египет
Сите четвртфинални се закажани за в денеска. Два дуели се играат во „Ерго Арена“ во Гдањск, додека два се закажани за во „Теле2 Арената“ во Стокхолм.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]