Познати четвртфиналните двојки во Лига на нации, Хрватска против Франција

Date:

Со жрепката во Нион се дознаа четвртфиналните двојки во Лигата на нации, а најинтересниот пар е Хрватска – Франција.

Во останатите дуели од четвртфиналната фаза се среќаваат Холандија – Шпанија, Данска – Португалија и Италија – Германија.

Првите натпревари се закажани за 20 март, а реваншите се играат на 23 март 2025 година.

Денеска беше извршена ждрепката и за полуфиналето. Во првото полуфинале ќе се сретнат победниците од дуелите Италија – Германија и Данска – Португалија, а во второто полуфинале ќе се сретнат победниците од дуелите Холандија – Шпанија и Хрватска – Франција.

Денеска беше одржана ждрепката за опстанок и промоција во дивизиите А, Б и Ц.

Во плеј-офот од А дивизијата ќе се сретнат: Австрија – Србија, Турција – Унгарија, Украина – Белгија и Грција – Шкотска.

Во баражот за пополнување на Б дивизијата извлечени се следните двојки: Косово – Исланд, Бугарија – Ирска, Ерменија – Грузија и Словачка – Словенија. Во баражот од Ц дивизија се среќаваат: Гибралтар – Летонија и Малта – Луксембург.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Не очекува ли енергетска криза – Формирана комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формираше Комисијата...

Иницијатива на регионалната стопанска комора во Прилеп и Битола за брендирање локални производи

Регионалната стопанска комора од Прилеп и Битола ја формираше...

Стапката на невработеност во Македонија е 12,3%, невработени блиску 100 илјади лица

Стапката на невеработеност во третото тримесечје од 2024 година...

Хотелските капацитети за новогодишните празници се очекува да бидат исполнети околу 70 отсто

Околу 70 отсто од хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера...