Фудбалерите на САД и Јамајка се последните полуфиналисти на „Голд купот“, кој е континентален собир на земјите од Конкакаф регионот на ФИФА, откако ноќеска беа подобри од Канада (на пенали по 2-2) односно Гватемала (1-0).
Со ова, тие им се приклучија на Мексико и Панама, кои претходно обезбедија место во најдобрата четворка на собирот што се игра во САД и во Канада. Соседите од Северна Америка одиграа меч со драматичен финиш, откако се што беше возбудливо се случи во последните минути од регуларниот дел и во продолженијата. Американците поведоа преку Васкез во 88. минута, додека Стевен Виторија го изедначи резултатот во третата минута од судиското продолжение. Канаѓаните први реализираа во екстра-периодот преку Шафелбург во 109 минута, но само пет минути подоцна резултатот пак беше изедначен по автоголот на Скот Кенеди, по што САД излегоа како подобри во пенал-лотаријата.
Амари Бел, пак, беше херојот во селекцијата на Јамајка со погодокот во 51. минута. Во полуфиналето, Американците ќе ги одмерат силите со Панама, додека Јамајка ќе се сретне со Мексико.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]