Ватерполистите на Франција обезбедија пласман во полуфиналето на Светското првенство, откако денеска ја совладаа селекцијата на Унгарија со 11:10 во четвртфиналната фаза.
Верну во победничките редови беше најефикасен со пет погодоци, а три запиша Заланки на спротивната страна.
Противник во полуфиналето на Французите ќе биде Хрватска која со 15:13 ја елиминираше Србија.
Кај Хрватите Фатовиќ стрелаше четири пати, а три пати Рашовиќ кај Србите.
Втората полуфинална двојка е Шпанија – Италија, шпанските ватерполисти со 15:12 триумфираа над Црна Гора, додека Италијанците минимално со 11:10 славеа против Грција.