Франција вчера со убедливи 35:28 ја совлада Германија, додека Шведска со 26:22 го совлада Египет, па така двете најтрофејни селекции на Светските првенства ќе се сретнат во полуфиналето.

Иако резултатот 35:28 покажува убедлива победа на Франција, сепак Германија беше рамноправен противник, а Французите разликата ја направија во финишот. Во поголемиот дел од првото полувреме Германија имаше предност, но на пауза се замина со нерешен резултат 16:16. Се држеа Германците се до завршницата, тогаш Франција го покажа својот квалитет и дојде до победата.

Најефикасни во редовите на Франција беа Фабрегас и Ремили со по пет гола, додека Јоханес Гола кај Германија постигна шест.

Во вториот четвртфинален натпревар од истиот термин Египет добро започна против Шведска и имаше предност во поголемиот дел од првото полувреме, но по предноста од 9:8 застанаа. Тогаш следуваше серија на Шведска од 6:0 за на пауза да заминат со 14:9.

Во второто полувреме само ја продолжија серијата и дојдоа до највисоките седум разлика 16:9. Египет до крајот не успеа сериозно да го загрози водството на Швеѓаните. Екберг ја предводеше Шведска со шест гола, а Махмуд за Египет беше стрелец на пет гола.

ПОЛУФИНАЛНИ ПАРОВИ

Франција – Шведска

Данска – Шпанија