Познати осминафиналистите на Австралија Опен

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ admin_label=”section” _builder_version=”3.22″ global_colors_info=”{}”][et_pb_row admin_label=”row” _builder_version=”3.25″ background_size=”initial” background_position=”top_left” background_repeat=”repeat” global_colors_info=”{}”][et_pb_column type=”4_4″ _builder_version=”3.25″ custom_padding=”|||” global_colors_info=”{}” custom_padding__hover=”|||”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Андреј Рубљов се пласираше во осминафиналето на Австралија опен третпат во својата кариера по 6:4/6:2/6:3 победата над Ден Еванс, за да обезбеди дуел со Данецот Холгер Руне. 25-годишниот Русин имаше неверојатни 60 директни победнички топки, 10 аса и освои 80 отсто од своите поени на прв сервис за доминантна победа. Руне претходно го елиминираше Французинот Иго Умбер.

Мислам дека играм подобро со секој нареде меч. Среќен сум бидејќи ова е само почеток на сезоната, а веќе имав мечеви против големи тенисери“, вели Рубљов, кој досега го нема поминато осминафиналето на гренд слемот во Мелбурн.

Австралиецот Алекс де Минаур исто така е меѓу најдобрите 16, откако со 7:6(0)/6:2/6:1 го совлада Фрнацузинот Бенжамин Бонзи за само 2 часа и 8 минути. Негов следен потенцијален противник е деветкратниот шампион Новак Ѓоковиќ, кој прво треба да го мине Григор Димитров.

Кај дамите, петтата носителка Арина Сабаленка останува меѓу фаворитите, откако ја совлада својата поранешна партнерка во двојки, Елизе Мертенс со 6:2/6:3. Следна противничка за најдобрата белоруска тенисерка е 12. носителка, Белинда Бенчич, која со 6:2/7:5 ја совлада Италијанкат Камила Џорџи.

Во осминафиналето е и фаворитката на австралиската публика, Хрватката Дона Векиќ, која со 6:2/6:2 за само еден час ја совлада Шпанката Нурија Паризас-Дијаз, како и Кинексата Жанг Шауи, која со 6:3/6:2 ја „збриша“ американската квалификантка Кејти Волинец.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Не очекува ли енергетска криза – Формирана комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формираше Комисијата...

Иницијатива на регионалната стопанска комора во Прилеп и Битола за брендирање локални производи

Регионалната стопанска комора од Прилеп и Битола ја формираше...

Стапката на невработеност во Македонија е 12,3%, невработени блиску 100 илјади лица

Стапката на невеработеност во третото тримесечје од 2024 година...

Хотелските капацитети за новогодишните празници се очекува да бидат исполнети околу 70 отсто

Околу 70 отсто од хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера...