Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа ги соопшти имиња на 15 кандидати за членови на Владата од коалицијата „Твоја Македонија“ откако претходно за нив добил едногласна поддршка од Извршниот и Централниот комитет на партијата.
Генералниот секретар на владата ќе биде предлог од ВМРО-ДПМНЕ, а како што рече, привршуваат преговорите со коалициските партнери за другите ешалони.
Мицкоски уверува дека идната влада ќе биде слуга на граѓаните и дека ќе треба многу работа за да се реформира државата.
Министер за транспорт и потпретседател на Влада ќе биде Александар Николоски, за одбрана Владо Мисајловски.
Во министерството за финансии ќе седне Гордана Димитриовска Кочоска, а Тимчо Муцунски МНР.
Министер за локална самоуправа ќе биде Златко Перински иако претходно се шпекулираше дека кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев е во игра за ова мести.
За министер за информатичко општество и дигитална трансформација предложен е Стефан Андоновски, за спорт Борко Ристовски.
Задолжена за енергетика, рударство и минерални суровини е Сања Божиновска, а за земјоделие, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Во култура и туризам влегува Зоран Љутков. Министер за внатрешни работи ќе биде досегашниот технички, односно Панче Тошковски. Министер за образование и наука – Весна Јаневска, за политички систем – Љупчо Димовски.
За односи со заедниците за министер е предложен Иван Стоилковиќ и за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите – Шабан Салиу.
Идната влада ќе ја сочинуваат Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ за наша Македонија.
Предлог составот и програмата на владата Мицксоки ќе ги достави до Собранието утре, по што треба да биде закажана собраниска седница за избор на новиот владин кабинет.
Законот за локална самоуправа со кој се предвидува да нема предвремени избори во општините чии градоначалници ќе преминат во извршната власт, е веќе доставен во парламентот, а лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува безусловна поддршка за него од сите чинители во законодавниот дом.
Тој посочи дека иако на ВМРО-ДПМНЕ политички му одговара да се одржат избори, тоа не треба да биде начин на којшто ќе се однесуваат политичарите.