Познатиот актер уживал со девојката на нудистичка плажа

Date:

Англискиот актер Чарлс Денс (77) и неговата девојка Алесандра Маси (55) уживале на нудистичка плажа во шпанско одморалиште, а фотографиите веќе се шират на социјалните мрежи.

Ѕвездата од популарните серии „Игра на тронови“ („Game of Thrones“) и „Круната“ („The Crown“) безгрижно се забавувал со својата девојка, а фотографиите од нивните моменти на плажа завршија во светските медиуми.

Денс и Маси се запознале на снимањето на филмот „Книгата на визијата“ („The Book of Vision“) во 2020 година, пишува „Дејли мејл“. Тогаш Маси работела како продукциски менаџер, а токму нивниот состанок, открил актерот во едно интервју,  му е главното сеќавање од филмот.

Да потсетиме, Денс беше во брак со Џоана Хејторн од 1970 до 2004 година, со која има две деца – Оливер (50) и Ребека (44).

Актерот потоа беше поврзуван со актерката Софија Мајлс, манекенката Шамбала Марта и уметничката Елинор Бурман.

Самиот призна дека ја изневерил сопругата Џоана, но и дека е благодарен што успеала да му прости, па сега се најдобри пријатели.

„Во најголем дел тоа беше прекрасен брак, но потоа, за жал, подлегнав на некои искушенија на патот и бракот заврши поради моето однесување. Но, по околу 18 месеци, Џо и јас станавме најдобри пријатели и така останавме до сега, фала Богу“, изјави тој, а пренесе „Дејли мејл“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...