Турбуленцијата е несакан, но неизбежен дел од патувањето со авион, но има една работа што патниците можат да ја направат за да ја минимизираат непријатноста.
Џими Николсон е пилот и поранешна ѕвезда на реалното шоу The Bachelor Australia, кој сподели важен совет за патниците.
Тој откри дека седиштата во предниот дел на авионот се подобар избор од оние во задниот дел.
„Ако седите напред во авионот, ќе доживеете помалку турбуленции, но ако сте позади, ќе биде малку понезгодно“, рече тој, а потоа реши да го демонстрира ефектот на турбуленцијата со неговата мачка.
„Видете, задниот дел на авионот повеќе ќе се тресе, а предниот помалку“, истакна тој, нишајќи ја мачката.
„Значи, ако се плашите од летање или ви се гади кога ќе почувствувате турбуленции, седнете напред во авионот. Тоа би бил мој совет“, заклучил тој.
Пилотот додаде: „Запомнете, авионот нема да падне од небото. Добро сте, тоа е само досадна работа што се надеваме дека ќе трае само неколку минути“.
На крајот, тој сподели важен совет за сите оние на кои им се гади за време на летот.
“Побарајте визуелна референца. Погледнете низ прозорецот и гледајте во хоризонтот”.