Пожарот кај Богданци се уште не е ставен под контрола

Date:

Пожарот кај Богданци, кој избувна во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се уште не е ставен под контрола.

Гаснењето продолжи од 6 часот утрово. Со огнената стихија, која досега проголта околу 500 хектари нискостеблеста деградирана шума и сува трева и која помина низ ветерниците над Богданци без да предизвика штета на нив, се борат шеесетина лица.

Според Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), чад има на повеќе места, а пожарникари од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, заедно со тим од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), „Национални шуми“ и комуналното претпријатие од Богданци, се обидуваат да го заобиколат пожарот.


-Доколку во подоцнежните часови дојде до разгорување на пожарот на располагање стојат трите авиони „Ер Трактор“ на ДЗС, како и два хеликоптери на МВР, информираше Стојанов.

Според градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, кој е на местото на пожарот, засега нема опасност од негово проширување.


-Со сите расположиви сили се обидуваме да го заобиколиме пожарот и да не дозволиме негово повторно избувнување. Засега се оди според планот и договореното од синоќешната координација.

Доколку за неколку часови не дојде до повторно разгорување на пожарот ќе успееме да го локализираме и изгаснеме, изјави Шапов за МИА.


Според него, пожарот вчера почнал да се шири од пониските делови на овој терен каде се наоѓаат обработливи површини и тој се сомнева дека причина е човечки фактор.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Австралија добива НБА шампион и деветкратен Ол-стар како засилување?

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг изрази големо задоволство во иднина...

Македонија со Шортс и Димитријевиќ против Естонија и Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир...

Смртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен...

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС...