Поевтино е да се гледа Леброн во НБА, отколку Брони во Развојната лига

Date:

Брони Џејмс синоќа официјално дебитираше за тимот на Саутбеј Лејкерс во американската Развојна лига и неговиот прв настап е една од главните вести во САД.

Дебито не му беше славно, Саутбеј го победи Солт Лејк Сити со 110-96, Брони на теренот помина 31 минута и за тоа време постигна едвај шест поени, со четири асистенции, три скока и две украдени топки. На натпреварот присуствуваа неговите родители Леброн и Савана Џејмс, потоа генералниот менаџер на Лејкерс, Роб Белинка, тренерот на овој тим Џеј Џеј Редик и кошаркарите Ентони Дејвис и Дианџело Расел што доволно потврдува колкаво значење му се посветува на 20-годишниот син на Леброн.

Една од најинтересните работи од овој меч беше цената на влезниците. Сите знаеја дека Брони ќе дебитира на овој меч, па „на црно“, билетите достигнаа цена и од 200 долари, а легално се продаваа за 179 што се астрономски суми за натпревар од Развојната лига каде просечна цена е 17 долари. Тоа повлече друга тема – поевтино е да се гледа Леброн во НБА лигата, отколку Брони во Развојната лига.

Можеби не во Лос Анџелес, но на натпреварите во Торонто и Мемфис, на пример, можат да се најдат влезници од по 84 или 101 долар. Дали јагмата за натпреварите на кои игра Брони Џејмс ќе продолжи или ова беше само поради дебито, ќе се знае за неколку дена, но и тој самиот мора да придонесе со своите игри за својата популарност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...