[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Една нова студија ги истакна предностите од подолгото спиење за време на неработните денови.
Со денешното брзо темпо на живот и изложеноста на постојан стрес, луѓето имаат проблеми со спиењето. Недостатокот на сон носи сериозни здравствени последици, вклучително и зголемен ризик од срцеви заболувања, дијабетес, дебелина и други хронични состојби. Истражувањата покажаа дека продолженото спиење за време на викендот има неколку долгорочни придобивки врз целокупното здравје.
Квалитетниот сон игра клучна улога во одржувањето на целокупното здравје. Како што покажаа студиите, недостатокот на сон може да доведе до зголемено ниво на стрес, намалено внимание и концентрација, и пад на имунолошкиот систем. Со оглед на тоа дека работната недела често е исполнета со обврски кои нè држат будни до доцна во ноќта, многумина се обидуваат да го надоместат изгубениот сон така што ќе спијат подолго за време на викендот.
Истражувачите неодамна објавија резултати кои сугерираат дека дополнителните два часа сон за време на викендот го намалуваат ризикот од срцев или мозочен удар за дури 63 проценти. Ова откритие доаѓа од истражувањето спроведено на Медицинскиот факултет во Нанџинг, Кина, каде што научниците ги анализирале циклусите на спиење на 3.400 испитаници со цел подобро да ја разберат поврзаноста помеѓу квалитетниот сон и здравјето, а за тоа пишуваше Њујорк пост.
Според резултатите од истражувањето, дополнителни два часа сон за време на викендот се особено корисни за оние што спијат помалку од препорачаните шест часа во текот на ноќта. Експертите забележале дека т.н „спиење за време на викендот“ кај возрасните го намалува ризикот од ангина пекторис, мозочен удар и коронарна срцева болест.
Според препораките на Центарот за контрола и превенција на болести, возрасните треба да спијат најмалку седум часа во текот на ноќта. Оние кои не успеале да ја исполнат оваа препорака во текот на работната недела, а сонот и не успеале да го надоместат за време на викендот, имале значително повисоки стапки на кардиоваскуларни болести. Исто така, лицата кои биле лишени од сон, а кои за време на слободните денови си дозволиле да дремнат, имале две третини помали шанси да доживеат итни медицински состојби опасни по живот.
Овие резултати ја нагласуваат важноста на квалитетниот сон и укажуваат дека надоместувањето на пропуштеното спиење за време на слободните денови, има долгорочни здравствени придобивки. Сепак, важно е да се забележи дека други истражувања покажаа потенцијалните штетни ефекти од предолгото спиење.
Имено, поединците кои спијат премногу, се изложени на поголем ризик од мозочен удар. Сè уште не е јасно зошто предолгото спиење може да има негативни ефекти, но истражувачите сугерираат дека тоа може да биде поврзано со други здравствени проблеми како што се анемија, депресија или неактивност во текот на денот.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]