Подгревање на меѓуетничките тензии?-Законот за бранители условен

Date:

Единство помеѓу политичките партии нема – покрај Европскиот фронт, против се и пратениците од Вреди, за кои премиерот Мицкоски не прецизира дали ќе ги разубедува или ќе го прифати нивниот услов законот да важи и за поранешните припадници на УЧК. Мицкоски ја обвинува СДСМ како предлагач на законот за неискреност и намера да предизвикаат етнички тензии. Лидерот на опозициската партија Филипче пак тврди дека зад нивниот предлог нема никаква скриена намера.

„Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка. Самата пратеничка и СДСМ не го поднесуваат законот затоа што мислат добро на бранителите, туку го поднесуваат за да создадат повторно етнички тензии, етничка нетрпеливост, бидејќи таа ќе е картата на која што и тие и другите опозициски партии без разлика дали се од македонскиот блок или од албанскиот ќе играат во периодот којшто следи.“-Христијан Мицкоски, премиер на Македонија.

„Овој закон е со цел да се излезе во пресрет на реалните потреби и барањата и на тие луѓе што имаат инвалидитет, преживеано и семејствата коишто имаат загинати бранители. Така што сметам дека сè што можеме да направиме во интерес на граѓаните, во задоволувањето на нивните реални потреби ние го правиме и ќе го правиме и понатаму. И тука воопшто нема никаков, никаква димензија на некаква меѓуетничка поделба или некакво подгревање на меѓуетнички тензии.“-Венко Филипче – претседател на СДСМ.

За меѓуетнички тензии обвинуваат и од Вреди, кои сметаат дека оваа тема е дел од сценарио за дестабилизација во земјава. И вицепремиерот Изет Меџити на социјалните мрежи и преку партиски соопштенија повторија дека немало да дозволат вака скроениот закон да помине во Собрание.

Нашата порака е јасна: нема да дозволиме Собранието да стане арена на манипулации и поделби. Законите што имаат за цел да го поделат албанскиот народ и да го одржуваат во живот корумпираниот систем, немаат место во нашата агенда! Тука сме за да го браниме правото на албанскиот народ и да бараме сеопфатно решение за сите рани од минатото, вклучително и статусот на поранешните борци на ОВК. – стои во стоопштението на коалицијата „Вреди“.


Со предлог измените на законот, покрај бранителите од конфликтот во 2001-та, се опфатени семејствата на загинатите војници и полицајци од независноста до денес. Меѓу нив се и случаите со авионската несреќа на претседателот Борис Трајковски во Ротимље, хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце и несреќата во Струмица, но и за загинатите во Диво Насеље. Се предлага еднократен надоместок за нематеријална штета од 80.000 евра, пренесува ТВ Канал 5.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Оригинален рецепт за трилече

За потеклото на овој колач, чие име во превод...

Џесика Алба по разводот ужива во бикини

Холивудската убавица, актерката Џесика Алба неодамна стави точка на долгогодишниот...

Даниел Редклиф се појави со девојката

Даниел Редклиф ги почасти сите свои обожаватели со ретко...

Холивудскиот предатор повторно обвинет за сексуален напад

Во средата започнаа воведните изјави на повтореното судење на Харви...