Поголема пратка на обрасци за пасоши се очекува да стигне кон крајот на овој месец, најавува Тошковски

Date:

Министерот ги повика граѓаните кои треба да вадат само лична карта, но и оние што веќе имаат закажано термин за фотографирање заклучно со декември, да не се јавуваат на телефонскиот број за да тој не се оптеретува, затоа што како што рече приемот на повици вчера достигнал до 500 телефонски јавувања во секунда.

Според Тошковски, со пратката која се очекува до крајот на овој месец, ќе се комплетираат 250 илјади обрасци, а наредната пратка, рече дека ќе биде кон крајот на јуни или почетокот на јули.

До крајот на овој месец се очекува да стигне поголема пратка на обрасци за пасоши, најави министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски.

Онаа количина на обрасци за псоши, со која сега располага Министерството за внатрешни работи, како што рече Тошковски е доволна за да се задоволи издавањето само на мал дел од барањата кои се поднесени со итна постапка.

„Нема доволно обврсци во моментот за задоволување на потребите на граѓаните. Од она што го имаме може да задоволиме само мал дел од итните постапки. Обрасци нема затоа што наместо планирањето да биде на вкупен број на државјани кои имаат право на македонски пасош, планирањето било на вкупен број на присутни граѓани во земјата. Сега одиме со процес на молење на добавувачот да ни достави колку може порано“, рече Тошковски во вечерашното гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ 21.

Во однос на хаосот кој што владее со телефонското закажување на термин за фотографирање и реакциите на граѓаните, Тошковски упати неколку пораки со кои, како што рече, ќе може граѓаните самите да си помогнат.

Образложувајќи дека личните карти важат согласно датумот којшто е втиснат на нив без разлика дали истите го имаат новото или старото име, Тошковски рече дека тоа би значело дека секој еден пензионер ќе може да си извади пензија со важечка лична карта, а и секој што треба да се идентификува во некоја инстутуција ќе може да го направи тоа со личната карта што ја има.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

MACEDONIAN EMIGRANT MEDIA BEFORE WORLD WAR II (15)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

Шон Пен не дојде да го земе третиот Оскар

 Шон Пен не се појави на доделувањето на Оскарите...

„Форбс“ ги избра најплатените актери и актери: Кој и колку заработи во 2025 година

Холивуд веќе некое време се прашува дали филмските ѕвезди ја...