Поглед зад модната писта: Пристигна трејлер за серијата за најпознатите супермодели од 90-те

Date:

Објавен е трејлер за документарната серија „The Super Models“ која пристигнува оваа есен.

Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Еванџелиста и Кристи Тарлингтон ќе се појават во документарната серија од 4 дела која ќе пристигне на „AppleTV+“ на 20-ти септември, а трејлерот нѝ открива што можат да очекуваат гледачите.

Приказ на она што се случувало зад камерите и надвор од модните писти

Гледачите ќе имаат прилика да видат што се случувало надвор од модните писти, а серијата ги открива некои од предизвиците кои сите морале да ги совладаат за да дојдат до тоа каде што се денес. Трејлерот има повеќе од 2 милиони прегледи. Во серијата се појавуваат и многу други ѕвезди на модната индустрија како Марк Џејкобс, Едвард Енинфул, Мајкл Корс, Донатела Версаче…

„Невидениот пристап до моделите ги носи гледачите зад камерите и надвор од модните писти, откривајќи како тие доминирале во елитниот свет на манекенството, притоа осветлувајќи ја врската која самостојно ја промени динамиката на моќта на целата индустрија“, најавува „Apple TV+“.

Документарната серија патува во 80-те години, кога 4 жени од различни краеви на светот се обединиле во Њујорк. Иако тие се моќни засебно, успехот кој го постигнале со здружување ја надмина самата индустрија.

„Денес 4 супермодели остануваат на првата црта на културата преку активизам, филантропија и деловна сила. Додека модната индустрија продолжува да се редефинира себеси и улогата на жените во неа, приказната за Наоми, Синди, Линда и Кристи останува една од најинспиративните приказни за моќта“, гласи најавата на оваа серија.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Австралија добива НБА шампион и деветкратен Ол-стар како засилување?

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг изрази големо задоволство во иднина...

Македонија со Шортс и Димитријевиќ против Естонија и Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир...

Смртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен...

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС...