Францускиот фудбалер Пол Погба веројатно предвреме ќе ја заврши кариерата, затоа што падна и на вториот допинг-тест и го чека повеќегодишна суспензија од фудбалот.
30-годишниот Французин имаше големи проблеми со повреди и никако да заигра за „бјанконерите“. На Погба му бил направен тест по натпреварот меѓу Удинезе и Јувентус, а тој се покажал како позитивен. Во примерокот на Погба имало траги од тестостерон.
Погба не беше дел од тимот на Јувентус во изминатиот период, а медиумите од Италија велат дека и вториот тест на Французинот бил позитивен.
Играчот има седум дена да подготви жалба и своја одбрана. Но, доколку не обезбеди цврсти докази, ќе следи драконска суспензија од најмалку четири години што, практично, би значело и крај на фудбалската кариера.