Јавните обвинителства немаат ниту кадар, ниту пари.. Нема кој да искуца обвинение, а нема ни кој да доставува покани. Растот на платите за 78 отсто ја скрати можноста за вработувања на стручни службеници, а тешко се покриваат и тековните трошоци. Таквата состојба го загрижува советот на обвинители. Велат, освен што не се дозволуваат нови вработувања, државата постојано го крати и буџетот на правосудните индституции.
„Прво, судовите имаат предвиедено дека ќе добиваат 0,8 отсто од вкупниот државен буџет, а никогаш не го добиле тој процент. Сето тоа, нормално дека се одразува на работењето. Сметајте, со пола пари од она што ви е предвидено да треба да работите! Значи нам ни требаат тие пари за можеме и да пополниме одредени критични позиции. Не може обвинителството, според извештаите еве, има 370 вработени во сите обвинителства од потребни 1.110, зборувам за стручна служба како стручни соработници, курири, дактилографи. Во одредени обвинителства немаат ниту еден дактилограф“, вели Антонио Јолевски, Јолевски, Претседател на Совет на јавни обвинители.
Во меѓувреме, дел од обвинителствата зјаат празни. Цела деценија Крива Паланка нема свој обвинител, а некаде пак, еден извршува работа за седуммина. Советот, проблемот го лоцира во Академијата. Процесот на обука бил долг, а во меѓувреме растел бројот на обвинители кои одат во пензија.
Советот најави дека во иднина будно ќе ја следи работата на обвинителите. Наместо периодично на хартија, нивното постпапување ќе го следи тековно откако ќе се поврзе со електронскиот систем на Јавното обвинителство.
Повисоките плати ја испразнија касата на обвинителствата
Date: