Повик од МАЕИ до дијаспората за поддршка на Васил Стерјовски

Date:

„Драги наши Македонци, чии корени влечат од Преспа, Врбник, Корча, Подградец, Билишта и сите други населени места од Округот на Корча, кои денес живеете и работите надвор од Албанија. Дојде време повторно да се слушне вашиот глас. На 11 мај 2025 година вашето право на глас значи сила за целата македонска заедница во Албанија“, пишува во повикот.

Се додава дека Државната изборна комисија започна со доставување на гласачките ливчиња преку пошта, и на нив, „во колоната број 5, ќе го најдете името на Васил Стерјовски, човекот кој достоинствено нè претставува, кој се бори за нашите права, нашиот идентитет, нашата култура”.

„Ако сакате да го поддржите, ставете знак до неговото име. Само тоа е доволно.
А ако сакате, можете да гласате и за Социјалистичката партија со знак во квадратчето број 5. Но најважно од сè – гласајте за гласот на Македонците. Секој ваш глас за Васил Стерјовски е глас за иднината на Македонците во Албанија. Тоа е глас што ја чува нашата историја, што ја продолжува нашата традиција, што зборува за нас во институциите каде што сме премногу често заборавени“, порачуваат од партијата.

МАЕИ апелира „поддржете го Васил Стерјовски, за да продолжи да биде нашиот силен глас во албанското Собрание. Гласот на Македонците. Гласот на вистината. Гласот на надежта!”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...