Повеќе од 130 предмети на Метју Пери ќе бидат понудени на аукција

Date:

Повеќе од 130 предмети кои му припаѓаа на покојниот американски актер Метју Пери, познат по улогата на Чендлер Бинг во телевизиската серија „Пријатели“, ќе бидат понудени на аукција на 5 јуни во градот Далас, САД. Дел од приходите се наменети за Фондацијата „Метју Пери“ за помош на лица кои се борат со болести на зависност, пишува „Ен-Зи Хералд“.

Како што пренесува „БФМ ТВ“ (BFM TV), на аукцијата во јуни во Соединетите Американски Држави ќе бидат понудени уметнички дела од Бенкси, сценарија од култната серија „Пријатели“, како и околу 130 предмети, меѓу кои и неговиот омилен рачен часовник и спомени од детството.

Претставничката на аукциската куќа „Херитеџ Окшнс“ (Heritage Auctions), Роберта Крамер, изјави дека продажбата опфаќа „различни предмети од животот на актерот“.

„Тука се работите поврзани со работата на Пери во серијата ’Пријатели‘ и други телевизиски и филмски проекти, но и бројни многу лични предмети, од неговото детство па сè до зрелите години“, изјави Крамер.

Целта на аукцијата е прибирање средства за Фондацијата „Метју Пери“, организација која им помага на лицата кои се борат со зависности. Како што наведе Крамер, актерот ја основал фондацијата со цел да ја искористи својата „слава и личното искуство со зависноста за да им помогне на другите“.

Актерот, кој го толкуваше ликот на Чендлер Бинг во ситкомот на американската телевизија Ен-Би-Си (NBC), беше пронајден мртов во 2023 година на 54-годишна возраст, откако претходно јавно зборуваше за своите проблеми со зависноста.

Според резултатите од истрагата, Пери примал кетамин под лекарски надзор во рамките на терапијата против депресија, но овој анестетик, кој често се злоупотребува поради неговото стимулативно и еуфорично дејство, почнал повторно да го користи на своја рака во текот на есента 2023 година.

За смртта на актерот беа осудени повеќе лица, меѓу кои и Џасвин Санга, позната под прекарот „кралицата на кетаминот“, која го снабдувала Пери.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Мбапе и Дембеле ја одведоа Франција во полуфиналето на СП

Франција продолжува да маршира кон светската титула. „Триколорите“ го...

Супер победа за Силекс – прва на гости во нивната историја!

Со гол од пенал на Есмир Хасукиќ во 42...

КРЦКАВО ПРЖЕН КАШКАВАЛ СО ЗЕЛЕНЧУК

Доколку сакате брз и вкусен оброк што сите ќе...

МОНОГРАФСКО ДЕЛО ЗА ГОЛЕМИОТ ЧУВАР НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (50)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Во...