Повеќе докази дека ќерката на Моника Белучи, Дева, е следното големо нешто во манекенството

Date:

Како ќерка на италијанската дива Моника Белучи и францускиот актер Винсент Касел, не е чудно што 18-годишната Дева Касел сега е на својот пат кон славата.

Дева се впушти во манекенските води, каде што станува сè поуспешна.

Како модел таа дебитира на 14 години во кампања за парфеми на „Долче и Габана“, а четири години подоцна, нејзината кариера на модните писти зеде сè поголем замав.

Дева беше фотографирана додека снима реклама за долна облека од тантела на брендот „Долче и Габана“ кај барокната Фонтана ди Треви во Рим претходно неделава.

Сличноста со мајка ѝ, една од најубавите жени на светот, е очигледна благодарение на темните кадрици и шминка, кои го отсликуваат препознатливиот изглед и безвременска убавина на Моника од 90-тите.

Нејзиниот шарм е совршен спој на убавината на Моника Белучи и магнетизмот на Винсент Касел.

И Моника ја почна својата кариера како модел и муза на модното дуо Долче и Габана, па затоа често Дева ја споредуваат со мајка ѝ.

„Во моментот сум посветена на манекенството, како и на драмската работилница, на која присуствувам. Не би ми пречело да се обидам да глумам. Мислам дека навистина би уживала во тоа, но знам дека тоа е тешка професија, чие усовршување бара многу време и многу лични вложувања“, изјави таа неодамна во интервју за магазинот Glass.

„Навистина го ценам фактот што моите родители никогаш не ме принудија да глумам. Секогаш ми велеа дека можам да бидам што сакам кога ќе пораснам поради што бев многу отворена во разни домени“.

Дева ќе глуми во претстојната италијанска серија „Леопард“, која ќе се емитува на „Нетфликс“. Станува збор за серија инспирирана од филмскиот класик во режија на Лучино Висконти, кој освои „Златен лав“ во 1963 година. Во тој филм глумеа Клаудија Кардинале, Ален Делон и Берт Ланкастер.

Во серијата од шест епизоди, сместена во заднината на социјалната револуција во Сицилија во 1860, Дева ќе ја портретира Анџелика Седара (која ја глумеше Клаудија Кардинале во оригиналниот филм), млада жена од средната класа, која станува катализатор на општествените превирања.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...