Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со победа го почна ИТФ фјучрс турнирот кој се игра во Трнава, Словачка за награден фонд од 40.000 долари.
Ѓорческа во првото коло ја совлада квалификантката од Полска, Урсула Радванска, со 2-0 во сетови. Беше 6-3 и 6-2 за нашата тенисерка.
Во второто коло Ѓорческа ќе игра со Александра Еала од Филипини која е на 180 место на ВТА.