Победата на Македонија, за ФИБА едно од најголемите изненадувања на квалификациите

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]По завршувањето на февруарскиот прозорец од квалификациите за Европското првенство, ФИБА ги одреди најголемите изненадувања од двете кола кои се одиграа во овој термин.
Во конкуренција е и победата на македонската репрезентација против Полска со 96-71. Мечот е ставен во групата изненадувања врз основа на пласманот на ранг-листата на ФИБА, а разликата меѓу Македонија и Полска изнесува 44 позиции (59-15). Најголемото изненадување го бираат читателите на интернет страницата на ФИБА.
„Македонија во 2011 година оствари еден од најлудите резултати во поновата кошаркарска историја со пласманот во полуфиналето на Европското првенство во Литванија, елиминирајќи го домаќинот во четвртфиналето. Во 2022 година Полска оствари еден од најлудите резултати во поновата кошаркарска историја со пласманот во полуфиналето од Европското првенство, елиминирајќи ја Словенија во четвртфиналето.
Двете ‘Пепелашка нации’ се сретнаа во 2024 година, а исходот на дуелот ги враќа спомените на 2011. Црвено-жолтите ја обоија арената и не само што ја победија Полска, туку тоа го направија со 25 поени разлика, на гостински терен“, пишува во анализата на ФИБА.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Доларот зајакна, порасна цената на нафтата

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми...

Пратениците гласаа за избегнување на предвремени локални избори во три општини

Пратениците во македонското Собрание со 69 гласа „за“ и...

Судија и обвинет 95 пати разговарале на телефон, се барало негово изземање, но тој донел пресуда

Судијата Лазар Нанев со обвинет во предмет остварил 95...