ПОБЕДАТА НА ГОРДАНА Е ИСТОРИСКА Само Киро и Борис освоиле повеќе гласови

Date:

Само два претседатели во историјата на независна Македонија освоиле повеќе гласови од новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова која изненади со повеќе од 560.000 освоени гласови во вториот круг на претседателските избори. Македонија исто така за првпат има жена за претседател.

Бројките покажуваат дека Борис Трајковски во 1999 година освоил 582.808 гласови, додека Киро Глигоров на првите претседателски избори во Македонија во 1994 година освоил 715.087 гласови, односно 78,4 проценти од вкупниот број гласови.

Интересно е дека на изборите во 1999 година Тито Петковски освоил 513.614 гласови во вториот круг како опонент на Борис Трајковски.

Киро Глигоров за свој противник во трката во 1994 година го имаше Љубиша Георгиевски кој освои 197.109 гласови.

На изборите во 2004 година Бранко Црвенковски победи со освоени 550.317 гласови, наспроти Сашко Кедев со 329.179 гласови. Тоа беа трети избори во 2004, а се одржаа предвреме поради смртта на претседателот Борис Трајковски.

На четвртите претседателски избори во 2009 година победи Ѓорѓе Иванов со 453.616 гласови или 63,14 проценти.

На петтите редовни претседателски избори Ѓорѓе Иванов победи со 534.910 гласови наспроти Стево Пендаровски кој освои 398.077.

Шестите претседателски избори се одржаа на 21 април и 5 мај 2019 година, на кои победи Стево Пендаровски со освоени 435.656 гласови. На овие претседателски избори, покрај Стево Пендаровски, учествуваа и Гордана Сиљановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Блерим Река поддржан од Алијансата за Албанците и Движењето БЕСА.

На седмите претседателски избори одржани на 24 април и на 8 мај годинава победи Гордана Сиљановска Давкова.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Потпечени таљатели со спанаќ и моцарела

Потребни состојки:250g таљатели500g спанаќ (може и замрзнат)125g моцарела80g пармезанМалку...

Фенербахче доби уште една битка со Олимпијакос, Асвел ја прекина победничката серија на Барселона

Кошаркарите на Фенербахче издвојуваа победа над Олимпијакос од 87:77...

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...