ПОА СИТНО БРОИ ДО ЗГАСНУВАЊЕ И ИНТЕГРАЦИЈА ВО МПЦ-ОА Еве какви одлуки биле донесени на Соборот на СПЦ

Date:

Заврши Соборот на Српската православна црква (СПЦ) кој се одржа од 14 до 20 мај во храмот Св. Сава во Белград, а на кој, меѓу другото, беа носени одлуки за интеграција на Православната охридска архиепископија (ПОА) во Македонската православна црква (МПЦ-ОА).

Во соопштението што го објави СПЦ, во поглед на македонското прашање, се вели:

„На годинешново заседание на Светиот архијерејски Собор особено внимание е посветено на темата на конечното решавање на канонскиот статус на архијереите на Православната охридска архиепископија, во светлина на минатогодишната одлука на Светиот архијерејски Синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство – и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалија – на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. За таа цел, Соборот ја донесе одлуката за доделување на канонски отпуст на Јерархијата на оваа автономна Црква од страна на Српската православна црква и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во склад со свештените канони и Уставите на нашите две помесни Цркви, како и со претходнопостигнатиот договор на Синодите на сите три црквени структури“, наведено е во соопштението на СПЦ.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Доларот зајакна, порасна цената на нафтата

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми...

Пратениците гласаа за избегнување на предвремени локални избори во три општини

Пратениците во македонското Собрание со 69 гласа „за“ и...

Судија и обвинет 95 пати разговарале на телефон, се барало негово изземање, но тој донел пресуда

Судијата Лазар Нанев со обвинет во предмет остварил 95...