ПМФЛ: Работнички и Силекс одиграа нерешено, без победник и на дуелот во Струга

Date:

Првите две екипи на табелата во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија и Силекс денеска не славеа победа во своите натпревари.

Ниту Шкендија, ниту Силекс немаа лесни задачи, тетвскиот клуб гостуваше во Охрид кај Струга и одигра 1-1.

Во првото полувреме од оваа средба не видовме погодоци и резултатот беше отворен на стартот од вториот дел кога погоди Спировски. Бодот за Шкендија го обезбеди Латифи со погодокот на десетина минути пред крајот на натпреварот.

Ремизираше и илекс кој исто така како гостин одигра 0-0 кај Работнички.

Победа во истиот термин славеше Беса која на свој терен ја совлада Брера о 2-1. Како што е познато Воска Спорт и Гостивар се повлекоа од ПМФЛ, па така нивните натпревари со Тиквеш и Пелистер не се одиграа и беа забележани со службен резултат 3-0.

Резултати од ПМФЛ, 32. коло:

Шкупи – Вардар 0-2

Гостивар – Пелистер 0-3 службено

Работнички – Силекс 0-0

Струга ТЛ – Шкендија 1-1

Воска Спорт – Тиквеш 0-3 службено

Беса – АП Брера 2-1.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...