Плаче и пее – Адел со солзи се повлекува на долга пауза од музиката

Date:

Пејачката Адел во солзи го заврши својот настап во резиденција во Лас Вегас и на подолго време се повлекува од јавниот живот.
Британската пејачка Адел во саботата низ солзи го заврши својот стоти настап како дел од резиденцијата во Лас Вегас, каде настапуваше последните две години, со што заврши долгиот период на настапи.

Веќе во моментот на споменатите настапи, Британката во неколку наврати потенцираше дека ќе направи подолга пауза по резиденцијата бидејќи тоа искуството емотивно ја исцрпило.

„Многу сум тажна што резиденцијата заврши, но многу сум среќна што се случи, навистина сум. Ќе ми недостигаш ужасно. Не знам кога ќе сакам повторно да настапам“, рече низ солзи таа на последниот настап.

На социјалната мрежа Инстаграм таа напиша дека резиденцијата е огледало на последните години – „од изгубено и скршено до исцелено и процветано“.

Како што изјави во јули во интервју за германски ЗДФ, решила да се пензионира бидејќи и недостига се што имала пред славата. Пред неколку години, пејачката навести дека сака да студира англиска литература откако се повлече од центарот на вниманието. Ѕвездата требаше да започне да настапува во Лас Вегас веќе во јануари 2022 година, но поради избувнувањето на Ковид-19 во нејзиниот тим, таа ги откажа настапите непосредно пред тоа, а потоа ги започна подоцна оваа година. Оттогаш таа настапуваше речиси секој петок и сабота.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

PART OF THE TRUTH ABOUT MACEDONIA IN THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” PART I (1)

Throughout history, numerous authors have served many lies and...

ОСТАНУВАЊЕТО НА ОРБАН НА ВЛАСТ Е ВО ИНТЕРЕС НА САД, КАЖА РУБИО ВО БУДИМПЕШТА

Доналд Трамп е посветен на успехот на Виктор Орбан...

Над 200 евакуирани по поплавите, ДЗС интервенира во повеќе региони

По обилните врнежи што зафатија повеќе делови од државата,...

ЕУ не ги одби камионџиите, засега нема блокади на границите се бара итно преодно решение!

Европската унија не ги отфрли барањата на камионџиите. Стратегија...