Планетата го доби најбрзиот белец во историјата

Date:

Австралискиот спринтер Лахлан Кенеди стана најбрзиот бел човек во историјата на атлетиката. Делницата од 100 метри ја истрча за 9,85 секунди.

Кенеди го постигна најголемиот успех во својата кариера освојувајќи сребрен медал на Игрите на Комонвелтот во Глазгов.

22-годишниот Австралиец имаше одличен почеток и беше во водство до 60-тиот метар, но во финишот беше престигнат од Камерунецот Емануел Есеми, кој победи со време од 9,83 секунди, што е и рекорд на Игрите.

Неговиот резултат претставува и најдобро време истрчано од бел спринтер, надминувајќи го претходниот рекорд на Американецот Сем Блашковски (9,89).

Неговите 9,85 секунди ќе беа доволни за петтото место во финалето на Олимписките игри во Париз, а со оовј резултат ќе ја освоеше и бронзата на минатогодишното Светско првенство.

„Мојата цел е секогаш да победувам, без разлика дали станува збор за Олимписките игри, Игрите на Комонвелтот или националното првенство. Не размислувам за моите ривали, само размислувам како ќе трчам“, рече Кенеди по финалето.

Австралиецот сега го насочува својот фокус кон трките на 200 метри и штафетата 4×100, каде што верува дека неговиот тим може да освои уште еден медал.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Година од сништата – Зверев го освои Отвореното првенство на САД

Александар Зверев е шампион на Отвореното првенство на САД....

ПМФЛ:Реми во Кратово, Силекс и дефинитивно заборави како се победува

Силекс – Брегалница 2:2 е резултатот од денешниот меч...

Руски дрон погоди патнички воз во близина на Полска; Варшава подигна воени авиони

Руско беспилотно летало во неделата удри во локомотивата на...

ДИК: Поднесени 6 кандидатски листи за градоначалник на општина Брвеница

Ноќеска на полноќ заврши рокот за поднесување на листите...