Осомничениот пијан возач во Колорадо неуспешно се обидел да го обвини своето куче за пребрзо возење, соопшти полицијата во источниот дел на Колорадо.
Полицијата во Спрингфилд на Фејсбук напишале дека обидот за префрлање на одговорноста се случил доцна во саботата навечер, кога полицајците запреле возило кое возело 84 километри на час во зона со брзина од 50 километри на час.
„Возачот се обидел да го смени местото со кучето кое било на совозачкото седиште, додека полицаецот се приближувал и го набљудувал целиот настан. Мажот потоа излегол од совозачката страна на возилото и тврдел дека не возел“,изјавија полицајците во неделата.
Кога полицијата го прашала осомничениот дали конзумирал алкохол, тој побегнал оставајќи ги и возилото и кучето. Бил фатен по околу 20 метри. Обвиненијата против возачот, кој има и други прекршочни пријави, опфаќаат сомнение за возење под дејство на алкохол и давање отпор при апсење.
„Кучето е дадено на чување на познаник на возачот додека човекот е во притвор. Кучето нема да добие никаква пријава и е пуштено само со предупредување“, се пошегувале полицајците.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]