Пилешко со кари

Date:

Потребни состојки: 800 г пилешко бело месо, кари, сив зачин, црн пипер по вкус, 300 г маринирани печирки, 50 г путер, 50 г брашно, 700 мл млеко, 1 морско оревче мелено, 2 лажици рендан пармезан, 1 лажица сенф. Постапка: Пилешкото измијте го под млаз ладна вода, исцедете го, па исечете го на ситни коцки.


Зачинете го со сув зеленчукот зачин, црн пипер во прав и кари во прав. Убаво измешајте го со лажица или раце за да се опфати од сите страни. Најдобро е доколку месото сте го маринирале одвечер, но сосем е добро и доколку го зачините пред самото пржење.

Значи, васа ситно исечкано и зачинете пропржете го на малку загреано масло. Маринираните печурки исцедете ги од маринадата, исплакнете ги со ладна вода и додадете ги во месото заедно да се пропржат додека да заруменат малку. На страна пригответе го бешамел сосот:

Во тенџере на умерен оган растопете 50 г путер, додадете исто толку брашно и запржете го кратко, а после неколку минути започнете да го додавате млекото. Зачинете го по вкус и гответе го бешамелот до саканата густина. Додадете мелено морско оревче.

Потоа бешамелот додадете го во прженото месо со печурки, промешајте и додадете 2 лажици рендан пармезан и 1 лажица сенф. Вкусете и по потреба зачинете. Јадењето гответе го уште 10-тина минути на тивко, со постојано мешање за да не загори, а состојките да си ги попримат вкусовите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Алкалоид замолкна 9.000 Грци и дома ќе игра за титула во ЕХФ Купот!

Македонскиот суперлигаш Алкалоид направи голем подвиг и забележа џиновска...

Моќната Оклахома ја доби „мајсторката“ со Денвер и закажа западно финале со Минесота

Кошаркарите на Денвер Нагетс се елиминирани од плеј-офот на НБА лигата. Тие се сопрени...

Натали Портман објасни зошто сака да живее во Париз, а не во САД

Натали Портман станува реална во врска со нејзиното преселување...

Како изгледаат денес ќерките на Адриана Лима и Марко Јариќ?

Бразилскиот модел се разведе од српскиот кошаркар Марко Јариќ...