Пиварница во Ирска прогласена за најдобра туристичка атракција во Европа за 2023

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Според „Ворлд травелс авордс“ (World Travel Awards), најдобра туристичка атракција во Европа за 2023 година е „Guinness Storehouse“ во Даблин.
Кога ќе помислите на најдобрата туристичка атракција во Европа, веројатно помислувате на Колосеумот во Рим или на Ајфеловата кула во Париз. Сите тие се неверојатно познати, но, на изненадување на многумина, една знаменитост ги надмина во трката за водечка туристичка атракција во Европа.
Според „Ворлд травелс авордс“, гала свеченост која секоја година ги слави најдобрите од патувањата, туризмот и угостителството од 1993 година, пиварницата „Guinness Storehouse“ во Даблин, главниот град на Ирска, е водечка туристичка атракција во Европа.
Меѓу номинираните беа и Бакингемската палата во Лондон, Саграда Фамилија во Барселона и Акропол во Атина.
„Guinness Storehouse“ за првпат ја освои наградата во 2015 година и е рангиран како најдобра туристичка атракција во Ирска како целина. Се наоѓа во самото срце на Даблин, град познат по својата богата историја и култура.
Магацинот не е само местото каде што се произведува пивото „Guinness“ во последните 250 години, туку нуди поглед од зад сцената на сложеноста на правењето и точењето на ова светски познато пиво.
Ова место ја раскажува приказната за најпознатото извозно пиво во Ирска, пивото „Guinness“, од неговите скромни почетоци во 1759 година до денес. Магацинот не е само дом на „Guinness“, туку и славење на ирската култура, креативност и претприемништво.
Приказната е раскажана преку различни интерактивни изложбени простори вклучувајќи состојки, транспорт, кооперација, огласување и спонзорство. Се протега на седум ката и опкружува стаклен атриум во форма на литар „Guinness“.
Тука е и киносалата посветена на прикажување на стари реклами за „Guinness“ и неодамна реновираниот „Gravity Bar“ кој има прекрасен поглед на главниот град на Ирска.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_image src=”https://mactel.com.au/wp-content/uploads/2023/10/ИРСКА.jpg” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” title_text=”ИРСКА” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″][/et_pb_image][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале службени тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Полицијата уапси двајца полицајци и еден член на криминалната...

ДЕЛ ОД СВАДБЕНАТА ЦЕРЕМОНИЈА (26)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Ким Кардашијан шокираше со ѓерданот на принцезата Дијана на гала вечер

Ким Кардашијан , во саботата, присуствуваше на хуманитарниот настан...

Хајди Клум за врската со 16 години помлад сопруг: Имаме многу добар секс

Хајди Клум (51) откри ретки детали од возбудливиот љубовен...