Песната „Dance you Outta My Head“ влезе на Билборд листата, а бројни луѓе почнаа да снимаат спотови со таа песна во позадина за целиот профит да оди кај седумгодишниот син на пејачката Кет Џенис.
На американската пејачка Кет Џенис (31) пред две години ѝ е дијагностициран рак, а таа сподели песна од болницата. Пејачката, чие вистинско име е Кајл Хигинботам, ја исполни својата последна желба, барајќи од нејзините следбеници на социјалната мрежа Тик-ток да стримуваат песна што ја напишала за својот седумгодишен син, за да може да му остави пари.
Песната „Dance you Outta My Head“ влезе на Билборд листата, а многу луѓе почнаа да снимаат видеа со песната во позадина.
Пејачката почувствувала грутка на вратот уште во ноември 2021 година, а една година подоцна сфатила дека сè уште е тука, пишува „Пипл“.
– Беше голема и беше многу тешко – рекла пејачката на социјалните мрежи, поради што отишла на лекар кој ѝ дијагностицирал редок малигнен тумор.
Кет Џенис била подложена на операција, хемотерапија и зрачење и во 2022 година ѝ било потврдено дека повеќе нема рак.
Но, во јуни минатата година открила дека ракот се вратил и дека е во нејзините бели дробови, па се вратила на лекување.
„Ракот победи. Туморите тројно се зголемија преку ноќ“, напишала Кет Џенис на своите социјални мрежи.
Според пишувањето на странските медиуми, таа ги префрлила сите свои песни на името на својот син за сите приходи да одат кај него. Подоцна, свесна дека болеста зема замав, ја објавила и својата последна песна.
– Сите знаат дека веќе извесно време се борам со ракот и сакам да ја објавам оваа песна. Се надевам дека ќе ви се допадне – рекла Кет Џенис.
Таа ги замоли обожавателите да ја споделат песната за да може целиот профит да оди кај нејзиниот син кога таа ќе умре.
– Се надевам дека ќе издржам низ ова, но ако не, добра ноќ – им порачала на своите обожаватели.
Бројни следбеници снимија различни видеа, а пејачката е многу благодарна.
– Сакав да објавам нешто забавно и позитивно. Мојата уметност е сè што морам да оставам зад себе – порачала таа.



