Новата сезона во португалскиот фудбал започна со Суперкупот и дуелот на големите ривали Бенфика и Порто. Првото овосезонско „О Класико“ и припадна на шампионите од Лисабон и Бенфика го освои Суперкупот на Португалија со 2-0 (0-0).
Блесна ветеранот Aнхел ди Марија, кој летово се врати во Лисабон по повеќе од една деценија. Ди Марија го отвори резултатот во 61. минута, со прекрасна реализација со левата нога, по асистенција на Кокчу. Девет минути подоцна Муса ги постави финалните 2-0.
Ди Марија, кој беше избран за играч на натпреварот, претходно настапуваше за Бенфика од 2007 до 2010 година.
Португалската Примеира официјално почнува овој викенд.