Петрушевски: Филипче, кажи што си договорил со Бугарите и кој бонбона бизнис им го нудиш

Date:

СДС и Венко Филипче деновиве од петни жили се трудат да испратат сигнали до Бугарија дека се спремни да направат се, да клекнат и да прифатат секоја позиција, па излегоа со наводна резолуција.

Резолуцијата не е за Венко не е за Македонија, таа е за Бугарија, знак и сигнал на што се е спремен да направи, договара, преговара и дополнително да ја понижува државата, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче, кажи што си договорил со Бугарите и кој бонбона бизнис им го нудиш, кога веќе еднаш подметна француски предлог?

Дали преку таквата резолуција се нудиш како Заев што се нудеше своевремено?

СДС и Филипче мислат дека тоа што поминало еднаш, ќе помине и втор пат. Забораваат една работа, народот е мудар и не можат да го прелажат“.

Од километар се гледа, додава тој, намерата на Филипче и минирањето на македонските позиции.

Ако Венко Филипче е искрен, оцени Петрушевски, тој ќе застане зад позициите на Владата, а не од национални теми да прави шибицарски фори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија доби две места во Европската лига, но уште ќе чекаме за директно место во Лигата на шампионите

Македонскиот клупски ракомет продолжува да бележи напредок, а најновите...

ФИФА го избра идеалниот тим на Светското првенство

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го објави идеалниот тим на...

Летаа покриви и откорнати делови, невреме го зафати Скопје

Превртени покриви, откинати делови и слични предмети летаа откако...

Лажна кремпита

Ако ги сакате кремпита, но немате време да правите...