Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа истакна дека секој граѓанин треба да го осуди чинот на Џамбаски. Од друга страна ова е придобивка од Договорот со Бугарија, францускиот предлог и погрешните политики на оваа влада во однос на Бугарија.
– Ова е само образецот, шаблонот по кој Бугарија ќе настапува во иднина. За ова ние предупредувавме во континуитет, дека давањето на алатка во рацете на Бугарија со кое може да ни го блокира нашиот пат кон ЕУ, не носи во ќорсокак. Секој инцидент според нив неисполнување на нивни очекувања што врска немаат со европскиот пат на Македонија, ќе има вакви реакции и заплашувања и закани со вето, притискање на владата ги прифати сите нивни барања.