Петнаесет години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик во Риека

Date:

Лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека, Хрватска, одбележува 15 години од отворањето и досега настава следеле над две илјади студенти.

 -Токму на овој лекторат, во текот на првите децении на 21 век, најголем број студенти посветено ги изучуваат македонскиот јазик, литература и култура, надвор од нашата држава.

Од 2008 година до крајот на академската 2021/2022 година, низ Лекторатот минаа повеќе од 2000 студенти,  соопшти Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св.

Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) кој годишнината ја чествува заедно со Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека.

Директорката на МСМЈЛК при УКИМ, Весна Мојсова-Чепишевска вели дека иако 15 години можеби не се многу во развојот на една универзитетска образовна институција, сепак постигнатото на Лекторатот во Риека е многу повеќе од што може да се замисли и очекува.

– Петнаесет години, можеби не е многу при развојот на една универзитетска и факултетска, образовна единица.

Но, ако се има предвид што сè е постигнато од Лекторатот по македонски јазик во Риека во текот на неговиот досегашен развој, бројноста и квалитетот на македонистичкиот кадар произлезен од студиите и оствареното со активностите за афирмација на македонистиката надвор од наставата, заклучокот е неспорен: постигнато е многу повеќе отколку што може и да се замисли и да се очекува за период од деценија и половина.

Остварени се резултати за кои на некои универзитетски центри се потребни и неколку децении.

Затоа, должни сме со чествувањето на овој јубилеј и да го валоризираме она што досега е сработено, но и да ги трасираме патеките за натамошното развивање на македонистичките студии во Риека, истакнува Мојсова-Чепишевска.

Таа посочува дека овој лекторат е изграден врз темелите поставени во 1980 година, кога започнува изучувањето на македонистиката на Универзитетот во Риека, најпрво на Педагошкиот факултет.

-Оттука, одбележуваме над четириесет години развој на македонистиката во Риека, од кои петнаесет години со лекторат кој е еден од најдобрите примери за афирмација на македонистиката на странски универзитетски центар, нагласува Мојсова-Чепишевска.

Македонистиката во Риека почнува да се изучува во 1980 година, кога по препорака на тогашниот раководител на студиите по македонски јазик и литература на Универзитетот во Загреб, проф.

Петар Кепески, за предавач по македонистичките предмети на Педагошкиот факултет во Риека е избран проф. Горан Калоѓера.

Во текот на првите две години од воведувањето на студиите, наставата по македонски јазик ја остварувал проф.

Борислав Павловски, додека предметите кои се однесувале на македонската литература и култура ги предавал проф. Калоѓера, кој потоа, во целост ги води македонистичките студии.

Иницијативата за отворање на Лекторатот ја покрена акад. Горан Калоѓера,  со заложби и на тогашниот ректор на Универзитетот во Риека, проф. д-р Перо Лучин и на проф.

д-р Данијел Рукавина, а се оствари со заложби и на УКИМ и МСМЈЛК при УКИМ, на македонската држава и на нејзината дипломатија. Прв лектор по македонски јазик во Риека беше проф.

д-р Васил Тоциновски, а потоа м-р Ана Азеска и актуелната лекторка – м-р Биљана Стојановска.

Петнаесетте години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик во Риека на 10 и 11 мај ќе се чествуваат со повеќе свечености и активности на тамошниот Филозофски факултет, заедно со одбележувањето на два други јубилеја  – 25 години од Филозофскиот факултет и 50 години од основањето на Универзитетот во Риека.

 -Хрватска е една од земјите во кои македонистиката постојано се развива на високообразовните институции.

  Покрај на Универзитетот во Риека, македонистиката повеќе од пет децении непрекинато се развива и на Универзитетот во Загреб, каде во последниов период, со неа раководи проф.

д-р Ивица Баковиќ и која се развиваше и се развива под палката на проф. д-р Борислав Павловски и проф.

д-р Борјана Прошев-Оливер, како и на Универзитетот во Осиек, каде особен влог има остварено акад. Златко Крамариќ.

Настава по македонистика е остварувана и на Универзитетот во Задар, каде влог оствари проф.

д-р Августина Гулеска-Хајдиќ, информира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПРЕСТОЈОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ТРЕТИ ВО ВАВИЛОН (73)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Киргиос не запира: Пристигна барање на кое брутално одговори

Австралискиот тенисер Ник Киргиос по којзнае кој пат го...

Најдобрите македонски фудбалери се пак на собир и во мисија да ги победат Летонија и Ерменија на гости

Најдобрите македонски фудбалери се повторно на собир. Најголемиот дел...

Дончиќ погоди луд кош и си доби – 100.000 долари!

Често пати досега Лука Дончиќ на тренинзите и загревањата...