Младата пејачка Тамара Грујевска веќе неколку години ги освојува сите со својот раскошен глас. Иако има само 12 години, таа има вокални способности на кои и подзавидуваат многу познати пејачки, но и големи желби, кога е музиката во прашање, на кои секојдневно напорно работи
Пред крајот на годината таа ја објави својата прва песна „Имам сила“, со која, како што открива сака да испрати порака до сите тинејџери и до секој човек, кој верува во своите желби.
– Пораката е насочена до сите тинејџери, но буквално секој човек може да се пронајде во оваа песна бидејќи љубовта и емоциите кон сѐ што е околу нас го доживува секој, таа вечна борба за поубави нешта во нашите животи. Преубава порака до сите деца да се борат за своите желби, сега е моментот кога се раѓаат желби и соништа кои треба еден ден да ни се исполнат. Оваа песна ја сметам како почеток на мојата кариера, и се надевам дека полека, но сигурно ќе се изборам во светот на музиката и во иднина ќе реализирам многу песни спотови и албуми. Сите мои песни ќе имаат порака, ќе го пренесуваат она што е во мене, она што јас го чувствувам и знам дека имам сила да ја пренесам таа позитивна енергија кон сите.
– Многу сум задоволна сум и од спотот, Дарио Јанковиќ како режисер и видео продуцент даде сѐ од себе да направи убав спот кој ќе го објасни секој дел од текстот и мене ќе ме прикаже во едно модерно светло. Не само што имав желба да имам убава песна, сакав да имами квалитетен спот, сакав да изгледа светски, дури се употреби и филмска техника со хрома, која навистина испадна модерно и направивме одлични сцени. Дарио е одличен и докажан во видео продукцијата, имаше подготвено убави сценографии кои ме водушевија и се надевам дека тоа им се допадна а сите кои го погледнаа мојот спот. Снимањето помина во убава атмосфера со многу смеење од целата екипа која беше задолжена за реализација на сценариото и навистина помагаа за секој детаљ да излезе онака како што е предвидено.