ПЕНЗИОНЕРИТЕ НЕ ОТСТАПУВААТ: ВЛАСТА НЕМА СЛУХ, АНТИКРИЗНАТА ПОМОШ Е ПОНИЖУВАЧКА

Date:

Пензионерите од повеќе градови уште еднаш го изразија незадоволството од ниските пензии и од третманот што го имаат во опшеството, овој пат пред Собранието, каде што гласно кажаа дека за нив антикризните мерки се понижувачки. Таму ги оставија и износените чевли, со кои во изминатиот период одеа на протести. Со апел и барање до пратениците, за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари.

Го повторија досегашните барања – линеарно зголемување од пет илјади денари и минимлна пензија од 18 илјади денари минимална пензија. Исто така, инсистираат да се овозможи жените на возраст од над 62 и мажите над 64 години да не плаќаат здравствена партиципација.

Пред Собранието ги изнесоа и своите егзистенцијални маки. Како што велат, парите не стигнуваат за месечните трошоци, во кои спаѓа и пропишаната редовна терапија. Затоа, принудени се да го жртвуваат здравјето, односно прво да ги платат сметките, па ако остане, да купат лекови. Владата да ги реши под итно нивните проблеми, бараат пензионерите, укажувајќи дека сегашната гарнитура нема слух, протестираат од август, а ништо не е направено за нив. Притоа, поддршка добија од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, односно дека партијата ќе им излезе во пресрет кога ќе дојде на власт.

Власта одреди помош од 1.500 до 3.000 денари, што од овој, па во наредните пет месеци ќе им се исплатува на пензионерите, корисници на пензии во висина до 19 илјади денари. Притоа, не отстапува од ставот дека мора да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем, за редовната исплата и на сегашните и на идните пензионери.

Неодамна, премиерот рече дека просечната пензија е зголемена на нешто над 20 илјади денари, а минималната пензија денес е е 13.200, за разлика од 2016 кога била 9000 денари. Што претставува покачување од 4000 денари.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, почнаа со ветувањето дека уште во првата година од владеењето ќе ги зголемат пензиите за пет илјади денари. За потоа да појаснат дека тоа може да се постигне и во неколку наврати, односно на рати.

Познавачите на оваа проблематика исто така упатуваат на (не)одржливоста на ветувањата, затоа што пензијата е епилог од висината на платата и уплатените придонеси во текот на работниот стаж. Неодамна и „Фајнанс тинк“ излезе со анализа, во која се нагласува дека „за стабилноста на пензиските финансии, вклучително и поради ризиците од дополнително подгревање на инфлацијата и инфлациските очекувања, од клучна важност е да продолжи актуелната политика за стабилни приходи во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување“.

Воедно, се наведува: „тоа имплицира дека моменталната состојба со пензиските финансии не дозволува зголемувања на пензиите надвор од предвиденото законско усогласување, кое е доволно за да го задржи животниот стандард на примателите во услови на растечки цени“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Помошникот на Конте излезе со информација: Елмас има грип!

Помошникот тренер на Наполи, Кристијан Стелини, вечерва за италијанските...

Лука и Дино од Прилеп се иднината на македонското воздухопловно моделарство

Шеснаесетгодишниот Лука Најдоски во Прилеп е „чудо од дете“....

THE PUBLICISTIC ACTIVITY OF SLAVÈ KATIN (18)

35. “MACEDONIA IN ANCIANT TIMES” The book “Macedonia in Anciant...

Поранешен советник на Трамп: Канада е следната Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да се спротивстави...